
Пред 16 години стоеше блиску до Роналдо како детенце за придружба, а денес ќе води битка со Португалецот на теренот
Фудбалската долговечност на Кристијано Роналдо продолжува да пишува фасцинантни приказни. Легендарниот Португалец, кој и на 40 години игра на врвно ниво, денес се соочува со фудбалери на кои токму тој им бил идол во детството.
Препорачано
Токму таков е случајот со Доминик Собослаи кој пред 16 години излезе на теренот како едно од детенцата кои се придружба пред почетокот на натпреварите. Стануваше збор за натпревар од квалификациите за Мундијалот во 2010 година помеѓу Унгарија и Португалија.
Денес, цели 16 години подоцна, Собослаи е капитен на унгарската репрезентација и ќе го предводи својот национален тим токму против Португалија со Роналдо на спротивната страна. Роналдо тогаш имаше 24 години, додека Собослаи само дете кое сонува фудбалски соништа, денес ќе бидат еден против друг на теренот.
Пред натпреварот фудбалерот на Ливерпул не криеше и дека току Роналдо е негов идол.
„Играв против големи играчи, но никогаш против Кристијано Роналдо. Тој ми е идол од детството, така што конечно дојде времето. Се надевам дека ќе биде позитивно искуство“, изјави Собослаи.
🚨 𝗖𝗥𝗔𝗭𝗬 𝗙𝗔𝗖𝗧: In 2009, Cristiano Ronaldo faced Hungary with Dominik Szoboszlai being a ballboy at the age of 8.
Tonight they face again. pic.twitter.com/qVxrvPGwvE
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) September 9, 2025