
Пребирлив миленик: Како да го натерате вашето куче да јаде?
Не сака гранули, не сака ориз, може гулаш, но само посебен. Што да правиме кога нашето куче е пребирливо?
Препорачано
Некои кучиња можеби не ја одбиваат целата храна, туку само одредени состојки, што обично значи дека не е ништо страшно, само пред себе имате пребирливо милениче.
Кучињата стануваат пребирливи ако често им се дава храната што вие ја јадете, ако се хранат во нередовно време или ако уживале во разновидна храна и вкусови. Малите кученца особено знаат да бидат пребирливи, но најчесто брзо се прилагодуваат на нивниот нов дом и исхрана со текот на времето, пишува „Ситимагазин“.
Ако вашето куче уживало во вкусот на крцкави пилешки прсти или други задоволства, можеби не е премногу заинтересирано за сува храна, па понудете му неколку здрави грицки за да му го отворите апетитот.

Анксиозност: Како да натерате вознемирено куче да јаде
Иако промената на средината може да биде извор на вознемиреност, секоја промена во домаќинството може да го наруши апетитот на кучето. Тие промени вклучуваат работи како нова работа што почесто ве оддалечува од дома, ново милениче, бебе во домот или смрт во семејството. Секој стрес може да го направи кучето вознемирено и да предизвика нарушувања и во апетитот и во нормалното однесување.
Ако поминувате низ големи животни промени, обидете се да му дадете на вашето куче малку повеќе внимание и потрудете се да ја одржите ниеговата рутина што е можно повеќе.
Нови лекови или вакцини
Многу лекови и вакцини може да имаат неочекувани ефекти, како што е привремено губење на апетитот. Сепак, ова треба да помине во рок од ден или два. Ако вашето куче сè уште се бори да покаже интерес за храна, обидете се да го нахраните со обично пилешко и ориз или закажете посета на ветеринар.
Проблеми со забите
Ако некогаш сте имале забоболка, знаете дека последното нешто што сакате да го направите е да јадете. Истото може да се случи и со вашето куче, па проверете ја неговата уста дали има нешто заглавено во неговите заби. Внимавајте на знаци на проблеми со забите како што се лош здив, опуштени заби или вишок забен камен. Доколку забележите можен проблем со забите на вашето куче, време е да го посетите ветеринарот.