
Празнично разгалување за 8 Март – дамите во бања, мажите во кафеана
Очекувањата се дека за празникот од земјава само кон нашиот северен сосед ќе тргнат неколку десетици автобуси, но има интерес и за грчките и бугарските спа центри. Денот на жената – 8 Март оваа година не е работен ден, туку паѓа во сабота, што е добра прилика за патување и повод за продолжен викенд
Македонките ќе тргнат во осмомартовска „офанзива“ на бањите и спа центрите во соседството. Српските туристички агенции, пак, го нудат македонскиот бисер Охрид за четири дена и две ноќевања со вклучено крстарење по Езерото за 139 евра. Од туристичките агенции за „Слободен печат“ брифираат дека имаат одлични понуди и соодветни цени за Денот на жената, а добро е што може да се искористи целиот викенд за разгалување и опуштање. Сепак, најголем е интересот за бањите во Србија, ем поради близината, ем поради релативно евтината цена. Очекувањата се дека за празникот од земјава само кон нашиот северен сосед ќе тргнат неколку десетици автобуси, но има интерес и за грчките и бугарските спа центри. Денот на жената – 8 Март оваа година не е работен ден, туку паѓа во сабота, што е добра прилика за патување и повод за продолжен викенд.
Препорачано
Туристичките работници брифираат и дека иако во помала мерка има и добростоечки компании кои на своите работнички им уплаќаат туристичко патување на трошок на фирмата. Но, според сметководителите давањето подароци на вработените жени по повод 8 Март, има карактер на заработувачка и за него се плаќа персонален данок од 10 проценти на бруто или 11,111 проценти на нето износот. Подароците може да бидат во пари, стока, подарок честитки, ваучери или туристичко патување.
-Ги оставаме мажите дома, нека се забавуваат во кафеана, а ние трите ќе се одмораме во Куршумлиската бања. Си уплативме во јнауари и добивме попуст. Ќе уживаме – вели една Скопјанка. Дел од агенциите го нудат овој аранжман за 179 евра, а промо цената до 31 јануари била 159 евра по лице.
Голем интерес годинава има и Пролом бања, каде освен прошетките и спа третманите има и свечена вечера со забавна музичка програма. Аранжманот трае три дена – од 7 до 9 март. Цената е 179 евра. Некои од агенциите ја промовираат и Луковска бања во близина на Копаоник и тоа од 6 до 9 март, а цената е 189 евра или на промоција за 169 евра. Мошне популарна е турата „Весела Шумадија“ со посета на Крагуевац, Врњачка бања и манастирот Жича со промо цена од 143 евра, односно 159 евра или редовно за 169 евра. За дамите се нуди осмомартовска прошетка и на Златибор по промо цена од 149 евра за четиридневното патување. Популарен и распродаден е еднодневниот излет до Врање по цена од 2.500 денари, кој опфаќа празничен ручек, неограничени пијалаци и секако незаобиколниот шопинг.
Кој не сака во бања, може да се прошета до Егејското Море, односно до Кавала, а таму агенциите освен прошетки и посети на историски споменици, нудат и забава во ресторан со жива музика и вечера, за 169 евра. Поевтината дводневна варијатна е само 129 евра. Има интерес и турата Солун-Паралија- Литохоро – Лутраки-Воден, што ќе рече спој на море и бања, за само 109 евра. Пролжениот спа викенд во Сандански, Бугарија е од 99 до 109 евра во зависност од луксузот на собата. За оние со подлабок џеб редовна е и понудата на осморатовски викенд во Венеција, Прага, Букурешт, Банско, Дубровник, Сараево или Белград.
„Што ќе ни се ружи кога немаме за леб?“: В сабота марш и бојкот по повод 8 Март
Овој 8 Март сите заедно ќе му се спротиставиме на силеџиството на овој систем и ќе ги сопреме неговите запчаници барем на еден ден. Овој 8 Март прогласуваме женски бојкот и повикуваме на женски марш за слобода и автономија од силеџискиот систем, ова е наведено во повикот што го објави Платформата за родова еднаквост, во пресрет на Меѓународниот ден на жената, 8 Март.
-Овој 8 Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ружи кога немаме за леб? Не е време за симболични гестови и излитени фрази. Во кризи, товарот несразмерно ја погодува жената“, пишува во објавата на Платформата.
Оттаму, в сабота најавуваат колективен бојкот на големите маркети, ланци и трговски центри кои, како што е наведено, преку вештачки наметната инфлација, доведуваат до раб на егзистенција.