Комисија за надзор на АНБ / Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

Пратениците конечно се договорија – одат во контрола на АНБ

Пратениците денеска напладне ќе одат да извршат надзор во Агенцијата за национална безбедност, а утре напладне одат во Агенцијата за разузнавање.

Заклучокот е донесен за Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР. Комисијата ја водеше заменик-претседателот Блерим Беџети, кој исто како и претседателот на Комисијата, Скендер Реџепи нема безбедносен сертификат. Членовите кои немаат безбедносен сертификат нема да можат да одат во АНБ.

Сите гласаа за посетите, освен Јована Мојсоска од Левица која шест месеци чека одговор на барањето за сертификат.

Ако АНБ одлучи дека информациите што ќе ги сподели се класифицирани нема да може да се споделат со јавноста. Посетата следува по аферата за следење на политичари, новинари и бизнисмени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот