
Познатиот фудбалски агент Рамадани под истрага, на удар поради Пјаниќ и Киеза
Фали Рамадани, познат фудбалски агент, е под истрага на финансиските власти на Италија поради сомневања за „даночно затајување и перење пари на територијата на Италија“.
Препорачано
Рамадани е под истрага како дел од повеќемесечната операција на италијанските власти.
Пред неколку недели инспекторите упаднаа во Јувентус поради големиот број контроверзни трансфери, меѓу кои и оној на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед.
Трансферите кои Рамадани ги имаше со Јувентус се под лупа на истражните органи. Станува збор за заминувањето на Миралем Пјаниќ во Барселона и доаѓањето на Федерико Киеза од Фиорентина.
RAMADANI INDAGATO PER RICICLAGGIO: LA GUARDIA DI FINANZA CHIEDE I DOCUMENTI A 11 CLUB, TRA CUI IL NAPOLI#Indagine #FaliRamadani #GuardiadiFinanza #richiesta #documenti #11club #Napolihttps://t.co/rdIUfhHeA0
— Napolicalcionews.it (@NCN_it) December 13, 2021
Италијанските истражители официјално побараа документи од 11 клубови, кои засега не се осомничени за ништо, туку само сопствениците на документацијата се корисни за потребната истрага.
Тие се Јувентус, Интер, Милан, Наполи, Рома, Фиорентина, Торино, Верона, Каљари, СПАЛ и Фросиноне.
Јувентус би можел да биде отстранет од меѓународните турнири