
Познатиот британски актер открива: Гандалф и Фродо се враќаат во новиот филм „Господарот на прстените“
Иан Меккелен, актерот кој го толкуваше ликот на Гандалф во филмовите „Господарот на прстените“, откри дека некои познати лица ќе се појават во новиот филм на Енди Серкис – „Господарот на прстените: Лов на Голум“.
Препорачано
За време на панел-дискусијата за „Господарот на прстените“ на настанот „За љубовта кон фантазијата“ во Лондон во неделата, Меккелен рече дека Гандалф и Фродо ќе бидат дел од новиот филм.
„Слушнав дека наскоро ќе се снима уште еден филм сместен во Средната земја, а снимањето ќе започне во мај. Ќе го режира Голум и сè се врти околу Голум“, рекол Меккелен, потсетувајќи на шега дека ликот на Голум го толкувал Серкис, кој овој пат е и на режисерската фотелја.
„Ќе ви кажам две тајни за кастингот: во филмот има лик по име Фродо и друг по име Гандалф. Освен тоа, моите усни се запечатени“, додал актерот.
Меккелен не кажа директно дали повторно ќе го толкува Гандалф, ниту дали Елајџа Вуд ќе ја повтори улогата на Фродо. Сепак, Вуд беше присутен на настанот, заедно со други ѕвезди од „Господарот на прстените“, вклучувајќи ги Шон Остин, Доминик Монаган, Били Бојд и Џон Рис-Дејвис.
Филмот „Господарот на прстените: Ловот на Голум“ треба да има премиера во декември 2027 година, откако првично беше закажан за 2026 година, пишува „Вараети“.
Продукцијата е потпишана од оригиналниот режисер на трилогијата „Господарот на прстените“ Питер Џексон и неговите партнери Френ Волш и Филипа Бојенс.