Познати вегани: Еве кои ѕвезди не претпочитаат месо и храна од животинско потекло

Се поголем број луѓе се одлучуваат за исхраната која не вклучува храна од животинско потекло, а меѓу нив има и голем број на познати личности.

Овие ѕвезди, од етички, здравствени или еколошки причини, одлучиле да го елиминираат месото и храната од животинско потекло од својот живот и јавно зборуваат зошто се одлучиле за вегански начин за живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

За време на бременоста, светски познатата тенисерка Серена Вилијамс почнала да практикува веганска исхрана, а истото го продолжила и откако ја родила својата ќерка Олимпија. Покрај тоа, тенисерката го елиминирала шеќерот од својата исхрана.

epa-efe
ЕPA/PAUL BUCK

Цели осум години, комичарката и водителка Елен Деџенерис била веган и го опиша тоа како одлично искуство.

Веќе не сум веган, но мојата партнерка е. Поддржував ваков начин на исхрана осум години и навистина верувам дека е добро за организмот“, објаснува Елен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Hathaway (@annehathaway)

Веганството го искусила и актерката Ен Хатавеј, но после некое време се вратила на старите навики и како што вели, „за сè беше виновен оброкот во Исланд“.

Додека бев во Исланд, за ручек јадев филе од свеж лосос и едноставно – мојот мозок се ресетираше. Не можев да престанам да јадам риба. Тоа беше крајот на мојот вегански живот“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Winslet (@kate.winslet.official)

Актерката Кејт Винслет во последните десет година е активна во здруженијата за заштита на животните. Таа пред многу години го прифатила вегетаријанството и веганизмот како нов начин на исхрана. Винслет јавно ги осудува и именува рестораните што служат црн дроб од гуска или патка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalie Portman (@natalieportman)

Актерката Натали Портман исто така е страствен веган и неодамна сними документарен филм за луѓе кои одгледуваат животни кои потоа ги колат.

Сето тоа е многу вознемирувачко, неприфатливо е. Тоа е прашање на нашиот морал, нашето здравје, зачувувањето на нашата планета и екосистем“, рече Портман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Уште од времето кога беше амбасадор за заштита на животната средина, Жизел Бундхен е веган. Таа верува дека преминот на веганска исхрана е клучен фактор за зачувување на нашата планета. Бундхен успеала да го убеди и нејзиниот сопруг, атлетичарот Том Брејди, да стане веган. Како што вели, Том на почетокот не бил воодушевен од идејата, но на крај ја прифатил, бидејќи и самиот забележал дека се чувствува подобро.

Instagram
Instagram

Ги сакам животните повеќе од повеќето луѓе околу мене, не се шегувам кога го кажувам тоа. Затоа сум вегетаријанец уште од детството, а веган од 2013 година. Верувам дека ваквата исхрана ми гарантира подолг, поздрав и побезбеден живот и се чувствувам посреќна поради тоа“, објасни пејачката Аријана Гранде.

Има и такви кои почнале да практикуваат исхрана која не вклучува месо поради нивниот физички изглед и диета. Еден таков пример е актерката Мишел Фајфер, која рече дека оброците без месо ѝ помагаат да ја задржи својата витка фигура, а избегнувањето внес на штетни токсини ѝ ја прави кожата помлада и позатегната.

Profimedia
Profimedia

И Памела Андерсон е веган со години, а неодамна го искористи својот блог за да покани што повеќе обожаватели да го прифатат нејзиниот животен стил. Инаку Андерсон е активист во бројни здруженија за заштита на животните, цели 20 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Wilde (@oliviawilde)

Оливија Вајлд јавно го поддржува веганството и нагласува зошто е добро за нашето здравје и тело.

Не е секогаш лесно, но тоа е начин на живот и ме прави да се чувствувам и да изгледам добро“, посочи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот