Фото: Instagram / kerrywashington

Познатата актерка проговори: Имав таен абортус, на лекарите им дадов лажно име

Познатата американска актерка Кери Вашингтон (46) наскоро ќе ги објави своите мемоари „Thicker Than Water“, во кои се присетува на своите 20-ти години и тешките моменти кои тогаш ги доживеала, пишува „Пипл“.

Во своите мемоари таа за првпат проговори за нејзината одлука да абортира во младоста, токму кога ја започнала кариерата. Таа рекла дека сето тоа го чувала во тајност, бидејќи не сакала да ѝ наштети на работата.

Кери детално раскажа како после филмот „Save the Last Dance“ во кој глумеше во 2001 година, непланирано забременила. Нејзината одлука да абортира не ѝ била лесна и се срамела поради тоа, но во тој момент почувствувала дека мора да го направи тоа.

Актерката додала дека на лекарите им дала лажно име, бидејќи не сакала тоа да влијае на нејзината актерска кариера. Додека разговарала со медицинските сестри и додека била на процедурата, таа признава дека чувствувала срам, како и одреден степен на лицемерие, бидејќи со години поминала како едукатор за сексуално здравје во тинејџерските години.

Фото: Instagram / kerrywashington

„Едноставно не сакам мојот абортус да биде на листата на работи од кои се срамам. Оваа приказна имаше толку многу врска со моето разбирање за себе и за светот додека се развиваше мојата кариера. Се наоѓаме во момент кога е многу важно да ја кажеме вистината за нашите репродуктивни избори, бидејќи некои од тие избори ни се одземаат“, изјавила актерката.

Таа додала дека не била сигурна како овој момент од  младоста ќе се вклопи во приказната за нејзиниот живот, која решила да ја преточи во книга. Но, почувствувала дека ѝ е навистина важно да го сподели со јавноста.

Кери го имаше своето филмско деби во „Our Song“ во 2000 година. Се прослави кога ја доби главната улога во драмата „Scandal“ во која глумеше од 2012 до 2018 година.

Таа сега има три деца – една поќерка, како и ќерката Изабел и синот Калеб кои ги има со нејзиниот сопруг Намди Асомуга (42).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот