
Познатата агенција додаде ознака на видеото на Кејт Мидлтон па се огласи: Што се крие зад одлуката која збуни многумина
Десет дена откако Кејт Мидлтон го објави видеото во кое соопшти дека ѝ е дијагностициран рак, познатата агенција Getty Images покрај таа снимка додала напомена. Од агенцијата објаснија зошто го преземале тој чекор, односно дали станува збор за правило или за исклучок. Во меѓувреме, се дозна дека Кенсингтонската палата одлучила да го објави видеото, бидејќи некој дознал од што боледува принцезата од Велс, пишува „Дејли мејл“. Не е прецизирано дали ова било поврзано со откритието дека персоналот во лондонската болница каде Кејт беше оперирана кон средината на јануари се обидел да разоткрие информации за нејзината здравствена состојба или со нешто друго.
Препорачано
Агенцијата Getty Images додала покрај видеото на Кејт Мидлтон напомена на уредникот.
„Ова видео го обезбедила трета страна. И можеби не се придржува до уредувачката политика на Getty Images“, се вели во забелешката.
Од агенцијата за „Е! Њус“ рекле дека тој чекор е „стандарден“ за сите фотографии или снимки обезбедени од надворешни организации, во овој случај тоа е Кенсингтонската палата.
Палатата соопшти дека видеото е снимено од Би-би-си студио, два дена пред објавувањето. На соопштението му претходеше голема бура поради фотографијата на Кејт Мидлтон и нејзините деца Шарлот, Џорџ и Луис за Денот на мајката (сликата беше објавена на 10 март). Тоа беше официјален портрет, кој го фотошопирала принцезата од Велс, како што таа самата порача. По фотографијата следеа бројни шпекулации, кои во еден момент прераснаа во целосен хаос. Спорната фотографија ја повлекоа бројни светски агенции. Поради скандалот се коментираше дека Палатата го загрозила својот углед и довербата што ја имала како извор на информации.
Палатата не одговори на гласините, што според некои експерти беше очекувано, а според други, погрешен потег.
Објавата на Кејт Мидлтон, која е подложена на лекувањето на ракот, во голема мера ги прекина шпекулациите, а од овој агол е анализиран и начинот на кој таа ѝ соопшти на јавноста важни детали за своето здравје.
Кејт Мидлтон може да се појави на одредени јавни настани кога ќе се чувствува доволно добро за да го стори тоа, но тоа нема да биде нејзино враќање на обврските. Пред нејзиното објавување беше најавено дека ќе се врати на своите обврски до Велигден или по празникот, на 17 април. Принцот Вилијам треба да ги продолжи официјалните ангажмани по кратката пауза поради празничниот распуст на нивните деца.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не присуствуваа на велигденската миса во неделата во капелата Свети Џорџ во Виндзор каде кралот Чарлс и кралицата Камила се појавија.
Инаку, принцот Вилијам се врати на работа веднаш откако на почетокот на февруари беше објавено дека кралот Чарлс Трети има рак. Во јануари, кралот беше опериран во лондонската болница поради бенигно зголемување на простатата.
ВИДЕО | Кејт Мидлтон има рак, принцезата е подложена на хемотерапија