Фото: Принтскрин / Фејсбук

Позната режисерка пронајдена мртва со селотејп преку устата и завиткана во ќебе: Брутално убиена поради нејзиниот дијамантски „ролекс“

Наградуваната филмска режисерка Џенифер Абот (69) е пронајдена мртва во својот дом, завиткана во ќебе, со селотејп преку устата.

Режисерката беше пронајдена избодена до смрт откако нејзиниот братучед и соседите морале да провалат во нејзината куќа во Лондон. Телото на Абот беше пронајдено во петокот вечерта, откако таа не одговарала на пораки и повици четири дена. Полицијата со денови ги бара сторителите, а сега е објавено кој е можниот мотив за злосторството, пренесува „Дејли мејл“.

Имено, соседите изјавиле дека Џенифер имала конфликт со наркомани кои го заземале блокот станови каде што живеела. Само пред една недела, таа низ солзи ѝ рекла на пријателка дека „се плаши премногу да спие поради антисоцијално однесување“.

Полицијата објави дека нејзиниот „ролекс“ со дијаманти исчезнал од нејзиниот дом. Нејзиното милениче било заклучено во бањата со денови, но преживеало. Полицијата претпоставува дека крадците провалиле низ прозорецот на бањата, го заклучиле кучето, а потоа провалиле во остатокот од домот, го украле скапиот часовник и ја убиле невината жена.

„Секогаш го шеташе кучето и беше навистина фина. Беше доста резервирана, но многу пријатна“, рекол еден од соседите.

Друга соседка рекла дека нејзиниот син зграпчил метална шипка за да ја скрши вратата.

Режисерката долго време живеела во страв, бидејќи областа каде што се населила била преполна со наркомани.

„Се сеќавам дека ми кажа дека еднаш се обидела да го напушти станот и не можела поради наркоман. Не можам да верувам дека нема повторно да ја видам. Ќе ни недостига“, изјавил еден сосед.

Полицијата ја опколи куќата каде што живеела режисерката за да го истражи местото на злосторството и да собере форензички докази.

Режисерката Џенифер Абот, позната по нејзиното сценско име Сара Стајнберг, претходно работела во филмската индустрија и освоила награда за документарниот филм „Богови на војната“. Таа е по потекло од Аризона, но студирала уметност и науки на Техничкиот колеџ Мертон и го посетувала средното училиште Пелам во Вимблдон. Подоцна се преселила во Лос Анџелес. Познато е дека се дружела со Парис Хилтон, Кејт Хадсон и други познати личности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот