
Позната причината зошто „Тор“ го напушта Холивуд!
Актерот Крис Хемсворт најави дека ќе земе одмор од Холивуд за да му се посвети на семејството.
Препорачано
,,Оваа година најверојатно нема ништо да снимам, ќе му се посветам на семејството, ќе бидам дома со децата”, изјави Австралиецот за американските медиуми.
,,Сега се на многу важна возраст, се уште се мали и сега сфаќаат многу повеќе од порано кога заминувам”, смета актерот.
Тој од 2010 е во брак со актерката Елса Патаки и живеат во крајбрежниот австралиски град Бајрон Беј. Заедно ги имаат седумгодишната ќерка Индија и петгодишните близнаци Тристан и Сашу. Крис се потсети колку тешко му паднала разделбата со ќеркичката кога на кратко морал да замине во Лондон.
Хамсворт се стекна со светска слава по главната улога во филмот ,,Тор” , по што беше прогласен за еден од најпосакуваните холивудски актери.