Фото: Принтскрин / Инстаграм

Позната инфлуенсерка почина на 39 години по компликации од операција, зад себе остави две ќерки

Ненадејната смрт на познатата американска инфлуенсерка и претприемач Ребека Вајли Симс (39) ги остави во шок нејзините следбеници откако беше откриено дека починала поради компликации за време на операцијата, пренесоа странските медиуми.

Ребека, позната како Бу на најблиските, беше ко-основач на познатата продавница за сирење „Лејди и Лардер“ во Калифорнија, инфлуенсер и мајка на две девојчиња, тригодишната Мејвис и двегодишната Лу. Нејзината смрт беше објавена во понеделникот преку инстаграм-профилот на нејзината компанија.

„Со огромна тага ја објавувам катастрофалната загуба на мојата сестра близначка и ко-основач, Бу Симс, која трагично почина оваа недела поради компликации за време на операција“, напишала нејзината сестра Сара Симс Хендрикс.

„Оваа загуба е неизмерна и нашите срца се целосно скршени. Бу беше нашата волшебничка, уметник во боја и најсветлата светлина што некогаш сум ја познавала. Го бараме вашето трпение и разбирање додека се соочуваме со ова неизмерно болно време“, додала Сара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebecca Wylie Simms (@boosimms)


Инаку, Ребека и Сара ја основаа „Лејди и Лардер“ во 2016 година во Санта Моника, специјализирана продавница за сирење и гурманска храна. Бизнисот стана толку популарен меѓу познатите што отворија втора локација во долината Кармел, оддалечена околу 500 километри.

Продавницата нуди месечни претплати за сирење, даски со мезе за испорака и едукативни работилници. Покрај нејзиниот успех во угостителската индустрија, Ребека беше креативен директор во ресторанот и барот „Лејзи дог“, а на нејзиниот уметнички профил на Инстаграм „Вилие вест креатив“, таа споделуваше слики од нејзините мурали, костими и други уметнички проекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот