Фото: Принтскрин / Инстаграм

Познат американски јутјубер обвинет за киднапирање на две жени, веднаш пребегал во Дубаи

Јутјуберот Кори Причет Помладиот е обвинет за киднапирање на две жени кои отишле на куглање со него во Хјустон минатиот месец. Полицијата распишала потерница отккако тој пребегал во Дубаи.

Тие изјавиле дека за време на куглањето им се придружиле двајца негови пријатели кои чудно се однесувале, постојано гледајќи наоколу. Причет наводно им кажал дека нивните ривали се во кугланата, пренесува „Пипл“.

Подоцна, тој им понудил на двете да се вратат дома. Додека ги возел почнал да им се заканува со пиштол. После тоа, тој повикал неименувана жена и ја прашал „дали тоа треба да се направи“.

Таа му одговорила потврдно, тврди една од жртвите. Во текот на возењето тој наводно им рекол: „Ќе ве убијам“. Им ги зел телефоните и пукал неколку пати низ прозорецот.

На крајот ги оставил покрај патот и се оддалечил. Инспекторите велат дека преку социјалните мрежи дознале дека тој бил во Дубаи. Сепак, ФБИ соопшти дека тој купил авионски билет во еден правец за Катар минатиот месец.

Инаку, Причет е познат на Јутјуб по корисничкото име „Кори ССГ“ (CoreySSG). Таму го следат речиси четири милиони луѓе. Во последно време се занимава и со музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот