
Пожарот во Кокино ставен под контрола, активен пожарот во Кокински дол
Поголем дел од пожарот на Кокино е ставен под контрола, но има ново жариште во месноста Кокински дол, изјави денеска градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска. Покрај противпожарната единица од Старо Нагоричане и пожарникари од повеќе градови, на терен се и екипи од Армијата, од МВР, од ДЗСИ, шумско стопанство и доброволци.
Препорачано
Штетата на површините е огромна, на некои места сè уште чади, изгорена е борова, дабова и нискостеблеста шума.
– Таму гори веќе неколку часа, но е непристапно место и не може да се дејствува со возила. Се трудиме да се направи пресек со машини и со сечење на дрвна маса која на терен ја спроведуваат екипите на шумско стопанство, за да не се прошири пожарот кон десната страна над патот. Таму има уште еден дел борова шума, која ако се зафати не може така лесно да се реагира, изјави Јовановска.
И од општината очекуваат хеликоптерите да го задушат пожарот во непристапниот предел, за теренските екипи делуваат навремено пред ноќта. Во пожарот на Кокино нема повредени, има зафатено неколку куќи во кои немало жители.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
2мин
-
16мин
-
33мин
-
34мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5