рушење на дрон принтскрин икс

Пожар во нафтено складиште во Сочи по падот на дрон

По падот на дрон, избувна пожар во резервоар за нафта од 2.000 кубни метри во нафтено складиште во областа Адлер во Сочи, објави денес регионалниот оперативен штаб.

Остатоци од дронот наводно паднале во неколку гаражи на улицата Авиатционаја, оштетувајќи пет гаражи, објави денес РИА Новости.

Градоначалникот на Сочи, Андреј Прошунин, изјави дека според првичните информации, нема жртви и дека сите служби за итни случаи се распоредени на местото на настанот.

Според градоначалникот на Кубан, Венијамин Кондратјев, на местото на настанот се распоредени 127 лица и 35 единици на специјалните сили.

Порано денес, аеродромот во Сочи објави привремени ограничувања за безбедноста на летовите на цивилните авиони, додека самиот Сочи прогласи закана од напади со беспилотни летала.

Сите ограничувања сега се укинати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот