Пожар во магацините на „Комуналец“ – струмичките пожарникари спречија поголема трагедија

Вчера попладне, околу 17 часот, избувна голем пожар во објекти што служат како магацини на ЈПКД „Комуналец“ во Струмица. На терен интервенирале четири противпожарни возила и 15 пожарникари, соопштија од Територијалната противпожарна единица Струмица.

Според информациите, пожарот бил во разгорена фаза и претставувал сериозна опасност. Поради ризик по животите на пожарникарите, кои биле длабоко навлезени во магацинските простории за да го совладаат огнот, било побарано од ЕВН да се исклучи електричната енергија.

Во меѓувреме, друг тим на пожарникари, и покрај обилниот дожд, успеал да го отвори лимениот покрив за чадот да може да излезе од внатрешноста на објектот.

Пожарот е целосно локализиран и изгаснат, но предизвикал голема материјална штета. Екипа на ТППЕ Струмица останала на местото и синоќа заради дежурство и контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот