Фото: twitter.com/anadoluagency

Пожар во куќа во струмичко Добрејци, едно лице најдено во безсознание

Пожарот е изгаснат со едно противпожарно возило и пет пожарникари.

Во куќа во селото Добрејци утрово околу 7 часот избувнал пожар во кој по пребарувањето е најдено едно лице во бесознание поради густиот чад.

– Лицето е извлечено и извршена е реанимација по што е предадено на екипа на Итна помош, соопштија од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

По реанимацијата и укажаната прва помош лицето е упатено на домашно лекување.

Пожарот е изгаснат со едно противпожарно возило и пет пожарникари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!