Повремените дождови не ја навлажнија земјата, само донесоа пламеница

Овие временски услови се непогодни за сите култури, освен за некои видови овошки што се наоѓаат во фаза на берба и зреење на плодовите – велат агрометеоролозите.

Потребите за вода во земјоделството се големи. Намалувањето на температурите и повремените врнежи не ја сменија состојбата, поради што наводнувањето останува приоритет, велат агрометеоролозите од УХМР.

Како што истакнуваат, во овој период треба да се посвети поголемо внимание на заштита од појава на пламеница кај виновата лоза и да продолжи примената на сите агротехнички мерки кај посевите.

– Изминатава недела имавме сончево и топло време со повремени врнежи на дожд на некои места. Овие количини врнежи од дожд не ја подобрија состојбата со влага во почвата, која е потребна за посевите во овој период од годината. Намалувањето на температурите за неколку степени не ја смени состојбата на долготрајната суша во земјоделството. Овие временски услови се непогодни за сите култури, освен за некои видови овошки што се наоѓаат во фаза на берба и зреење на плодовите – велат агрометеоролозите.

Потребите за вода се големи, посебно за пролетните и окопните култури, особено за пченката и за сончогледот кој се наоѓа во фаза на исполнување на зрното.

– Затоа, приоритет на земјоделските производители треба да биде снабдување на земјоделските култури со потребното количество вода, да се посвети поголемо внимание на заштита од појава на пламеница кај виновата лоза и кај сите останати посеви да се продолжи со грижа и примена на сите потребни агротехнички мерки – советуваат агрометеоролозите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот