
Повозрасен пар во шок дека добиле 13 милиони долари на лотарија: Го пронашле заборавеното добитно ливче една недела по извлекувањето
Повозрасен пар од Мелбурн доживеале шок кога сфатиле дека се сопственици на добитно лото ливче, вреден 13 милиони долари (околу 12,1 милиони евра).
Препорачано
Како што објави лотаријата, брачниот пар бил еден од четирите среќни добитници на извлекувањето на „Пауербол“, во фонд од над 50 милиони долари (околу 46,5 милиони евра).
Сепак, парот воопшто не бил свесен дека ја освоил наградата. Тие не го регистрирале билетот, па организаторите не можеле да ги контактираат. Поминале неколку дена пред да сфатат дека судбината можеби е на нивна страна.
„Ова е неверојатно! Во шок сум. Немавме поим, а билетот беше до нас цело време“, рекла жената откако ги проверила броевите.
Како што признала – таа и нејзиниот сопруг биле премногу зафатени со своите дневни обврски и едноставно немале време да ги споредат броевите. Добитната комбинација била избрана сосема случајно преку опцијата „квик пик“, а вклучувала и датуми важни за семејството.
Дури подоцна откриле дека нивниот билет – вреден вистинско богатство – всушност цело време стоел на вратата од фрижидерот, објавува „Унилад“.
Двојката, која работела напорно целиот свој живот, сега планира да инвестира дел од парите во иднината на своите деца и внуци и ќе си дозволи „помала куќа“.
Добитниот билет бил купен во продавница во Ист Брајтон, а добитните броеви биле: 9, 22, 23, 3, 13, 28 и 32, додека бројот на Пауербол бил 5.
Сопственикот на киоскот, Саџад Садеги Гурбанди, рекол: „Не можам да верувам! Ова е првата валва награда што ја продадовме откако ја презедов сопственоста пред две години. Пресреќен сум.“