Весна Јаневска, министерка за образование и наука / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Скоро половина од децата под 18 години пушат цигари, клучна е превенцијата во рана возраст

Алармантна е состојбата со младите до 18 години кои пушат цигари, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Таа истакна дека превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога, а образованиот процес е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи. На денешната регионална работилница „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното здравје во Западен Балкан“, во организација на Аналитика Тинк Тенк, се зборуваше за една горлива и многу сериозна тема – злоупотребата на тутунот и електронските цигари кај младите.

„Она што е навистина поразително е штетното влијание на здравјето. Тоа мора да го превенираме и Министерството за образование и наука и Владата преземаат определени чекори првенствено за превенција за да ги избегнеме трошоците за лекување во подоцнежите години“, нагласи Јаневска.

Таа рече дека новина од оваа година е воведување на предметот „Учам за моето здравје“.

„Она што го правиме во образованието кое всушност е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи е дека и во основното и во средното образование во различни предмети се присутни теми за здравствена писменост, и еве една новина во седмо одделение оваа година е воведен изборен предмет „Учам за моето здравје“, рече Јаневска.

Министерката истакна дека во новите законски решенија за основно и средно образование ги задолжиле училиштата да спроведуваат програми против дискриминација, против насилство, против малолетничка деликвенција, но и против злоупотреба на овие супстанции – тутунот, алкохолот и дрогата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот