Снег во Скопје/фотографија: „Слободен печат“/ Слободан Ѓуриќ

Повеќе од 20 скопјани се повредиле во првиот снежен ден зимава

22-ца граѓани, повредени при паѓање на снегот и мразот на скопските тротоари, побарале лекарска помош во старата градска болница „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Лекарите велат дека најчесто страдаат горните екстремитети, односно рацете.

Директорот на Универзитетската клиника, д-р Небојша Настов, за МТВ вели дека за среќа, меѓу повредените нема повозрасни лица.

Лекарите советуваат повозрасните граѓани да не излегуваат од дома, освен ако не е неопходно, а сите да носат соодветни обувки. Поранливите категории граѓани да користат и помагала при пешачењето. Особено внимание ќе биде потребно во наредните денови, кога се очекуваат и температури длабоко во минусот.

Снегот го исчисти воздухот во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот