
Потресна исповед: Колин Фарел откри зошто својот син кој има ретко генетско нарушување го остава во дом за долготрајна нега
Актерот Колин Фарел ја откри причината зошто планира да го смести својот возрасен син кој има ретко генетско нарушување во установа за долготрајна нега. Актерот вели дека така може да ја преземе контролата над неговата грижа додека тие сè уште се живи и дека тоа ќе му даде чувство на заедница на неговиот син, пренесува „Дејли мејл“.
Препорачано
Актерот претходно објасни како на неговиот син Џејмс (21) погрешно му била дијагностицирана церебрална парализа пред лекарите на крајот да потврдат дека тој боледува од Ангелманов синдром – ретко генетско нарушување, кое се одликува со потешкотии во развојот и невролошки проблеми како што се потешкотии во говорот, рамнотежата и одењето.
Во интервју за магазинот „Кандис“, Колин (48) откри дека тој и неговата поранешна Ким Борденаве ја донеле одлуката и планираат да го сместат Џејмс во установа за долготрајна нега.
„Тешко е, некои родители ќе речат: Сакам да се грижам за моето дете. И јас го почитувам тоа. Но, мојот ужас би бил… Што ако утре имам срцев удар, и не дај Боже, мајката на Џејмс, Ким, доживее сообраќајна несреќа, а потоа Џејмс остане сам?. Тогаш, тој е државен штитеник и каде ќе оди? Ние не би имале ништо со тоа“, изјавил Колин.
Тој и Ким се надеваат дека ќе најдат место кое ќе им се допаѓа и каде што ќе може да оди сега, додека тие сè уште се живи и здрави, за да можат да го посетуваат и понекогаш да го прошетаат.
„Сакаме тој да најде место каде што ќе може да има исполнет и среќен живот, каде што ќе се чувствува поврзан“, додал Колин.
Актерот во интревју за „Пипл“ разговараше за состојбата на својот првороден син и рече дека е побаран лекарски совет откако Џејмс ги пропуштил развојните пресвртници и се борел да седне или да ползи како бебе. Колин објасни колку заболени од реткиот синдром честопати погрешно им се дијагностицира церебрална парализа бидејќи и двете состојби имаат слични симптоми.
„Џејмс не можеше да седи мирен. Тој не лазеше. Мислам дека имаше година и пол кога го однесовме на преглед и му беше дијагностицирана церебрална парализа. Тоа беше вообичаена погрешна дијагноза, бидејќи таа има многу исти карактеристики. И тоа сигурно беше лошо“.“, изјавил Колин.
Актерот открил дека кога Џејмс имал само две и пол години, педијатриски невролог му предложил да биде тестиран за синдромот Ангелман.
Да потсетиме, Колин Фарел го доби синот Џејмс за време на врската со манекенката Ким Корденгејв. Во 2009 година, актерот го доби и вториот син Хенри со актерката Алицја Бахледа.