Фото: Профимедиа

Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

Крајбрежната служба на Грција спровела спасувачка акција во морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики по пријава за исчезната 63-годишна капачка, македонска државјанка, која била пронајдена на копно и во добра здравствена состојба, јави МИА.

Како што информираа од Крајбрежната служба на Грција, во попладневните часови вчера, крајбрежните власти на Солун и Неа Муданија биле известени од Единствениот центар за координација на истрага и спасување на Крајбрежната служба „за 63-годишна исчезната странска пливачка (државјанка на Република Северна Македонија), во морскиот регион кај Неа Каликратија“.

– Веднаш беше активиран локалниот план за итни случаи, при што во акцијата беа вклучени еден патролен брод на Крајбрежната служба и три приватни брода, а во потрагата на копно учествуваа и две патролни возила. Капачката беше пронајдена на копно, во областа на Неа Каликратија, во добра здравствена состојба и според нејзината изјава, не сакаше медицинска помош – соопштија од Крајбрежната служба на Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!