
Потер: Добивам смртни закани кон мене и моето семејство, тоа не е пријатно
На Грем Потер не му оди во Челси, но тој и понатаму раководството на „сините“ има трпение за него и добива поддршка од сопственикот Тод Боели.
Препорачано
Самиот Потер е свесен дека резултатите мора да се подобрат и дава се од себе за тоа да се случи, но на последната прес-конференција пред утрешното лондонско дерби откри дека добива закани упатени кон него и неговото семејство.
„Добивам поддршка од луѓето блиски до клубот, но морам да ви откријам дека не добивам толку убави пораки на мојот мејл. Во пораките кои ми се испраќаат се посакува смрт на мене и моите деца. Дефинитивно тоа не е убаво и невкусно. Семејниот живот и менталното здравје се работи кои не треба да страдаат поради вакви работи, навистина е тешко.
Мојата порака е дека ситуацијата треба да се сфати таква како што е, да се прифатат критики, но не е потребно да се навлегува во приватниот живот на било кого“, изјави Потер.
Лондонското дерби со Тотенхем Челси го дочекува на 10-тата позиција на табела во серија од четири натпревари без победа, во претходното коло „сините“ изгубија од Саутемптон кој е последен тим на табелата.