Американката Никон Џи која загина во нападот на Исламската Држава на аеродромот во Кабул/ Фото Instagram nicole_gee_

Последните зборови на девојката која загина на аеродромот во Кабул: „Си ја сакам работата“

Една од последните објави на социјалните мрежи која ја сподели Никол Џи (23) беше од неа како држи бебе во близина на аеродромот во Кабул, а на објавата напиша „Ја сакам мојата работа“.

За жал, таму Никол Џи загина. Таа беше американски војник и заедно со своите колеги им помагаше на странците и Авганистанците кои очајно се обидуваат да ја напуштат државата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Gee (@nicole_gee__)

Во четвртокот, таа беше меѓу 13-те американски војници кои настрадаа во нападот на бомбашот-самоубиец на аеродромот, пренесува Скај Њуз.

Никол, од Сакраменто, им се придружила на американските војски во 2017-та година, на нејзини 19 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Gee (@nicole_gee__)

Како што откри нејзиниот татко Ричард Херера, на почетокот таа сакала да биде контролор на летовите, но во тоа била спречена поради неправилности во работењето на нејзиното срце.

„Таа беше совршеното дете. Никогаш не навлегуваше во проблеми. Секогаш го бираше вистинскиот пат“ изјави нејзиниот татко за Вашингтон Пост.

Нејзината пријателка Малори Херисон, со која живеела три години на социјалните мрежи напиша дека не може да се помири со фактот дека никогаш нема повторно да ја види.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mallory Harrison ? (@the.malharrison)

„Нејзиниот последен ден го помина во тоа што најмногу го сакаше – да им помага на другите“ напиша Херисон.

 

Пентагон: Во нападите во Кабул загинаа 13 американски војници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот