фото: EPA-EFE/Zbigniew Meissner

По Ројевиќ, и Вејин доаѓа во новиот македонски ракометен проект

Поранешниот српски репрезентативец Предраг Веијн од следното лето ќе биде нов ракометар на ГРК Охрид, дознава Mozzart Sport.

Охрид е решен да го собори македонскиот поредок во кој доминираат три клубови, Еурофарм Пелистер од Битола, Алкалоид и Вардар, и да се обиде да игра поважна улога во наредните години.

Борис Ројевиќ кој треба да биде новиот тренер на Охрид од следната сезона веќе го склопува тимот. Според најавите Ројевиќ следната недела ќе потпише договор на три години.

Вејин, искусниот десен бек, моментно член на Олимпијакос, долго време играше во Нексе од Нашице, па се пресели во грчкиот вицешампион со кого сезонава игра во четвртфиналето на Купот на ЕХФ и со АЕК се бори за титулата во домашното првенство.

Воедно според Балкан-Хандбал Охрид го договорил доаѓањето на словенечкиот централен бек Тилен Штрмљен, кој изминатите две сезони настапуваше за Хановер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот