
После една година реконструкција, булеварот Киро Глигоров конечно е во завршна фаза
Реконструкцијата на булеварот Киро Глигоров во општина Гази Баба на потегот од мостот „Близнак“ до крстосницата со улицата Перо Наков, која започна пред една година е во завршна фаза. Како што информираат од Град Скопје на терен се изведени обемни работи за реконструкцијата на коловозите, а е изведена и нова атмосферска и фекална канализација.
Препорачано
Извршена беше реконструкција на булеварот во должина од 1.450 метри. Во периодот на интензивирањето на градежните работи, најнапред беше реконструиран коловозот во делот од улицата Перо Наков до „Естекада“ со изградба на фекална канализација на западниот дел, по што се изгради атмосферската канализација на источната страна – велат од Градот.
Изведената е атмосферска канализација со вкупна должина од 682 метри и нова фекална канализација во должина од 1.218 метри, која треба да се поврзе со приклучна шахта од колекторот, кој е инвестиција на Министерството за финансии.
Поради налози за стопирања на работите и покренат судски спор поради несогласувања во фази на изградба предизвикани од претходното раководство, проектот доцнеше со изградба, но со засилен ангажман за надминување на предизвиците конечно се завршуваат работите на санирањето на асфалтот на тој дел на булеварот – објаснуваат од Град Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
9мин
-
17мин
-
29мин
-
37мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5