Паркинг Тетово/ Фото МИА

Поскапува паркингот во Тетово

Наскоро зонското паркирање во Тетово треба да биде со нови повисоки цени. Јавното претријатие „Градски паркинг” доби согласност за поскапувањето со одлука на Советот на 28 декември. Остануваат уште некои административни процедури за во текот на јанаури да почне наплаќањето по повисоки цени.

Согласно новите цени, паркирањето ќе поскапи за десет денари и во Зона А наместо 30 ќе биде 40 денари за еден час, додека во Зона Б наместо 20 ќе изнесува 30 денари.

Целта на ваквата одлука, како што вели директорот на ЈП „Градски паркинг”, Игор Додевски, не е заработувачка, туку опстанок и нормално функционирање на претпријатието.

-Направена е измена и дополнување на ценовникот кој постои од 2015. Од тогаш се поминати седум години, а има промена и зголемени се цените на голем број ресурси за работа, меѓу кои и горивата. Овие цени се направени за да може нормално да функционира и да опстане претријатието, не да има некоја заработувачка, за да се санира претријатието и месечно да има доволно прилив и исто толку за расходи, изјави директорот на ЈП „Градски паркинг”, Игор Додевски.

Најголем предизвик на Додевски, откако е назначен за директор, му е, како што вели, да го намали долгот на претпријатието што изнесувал 236 илјади евра. Насоката е создавање и нови паркинг места што ќе значат дополнителен приход за исплаќање на долговите.

-Откако ја презедов фирмата на некој начин беше рестартирана, затоа што во декември со позајмица се исплати плата за октомври. Околу долгот се чека од градоначалникот околу понатамошна постпка. Согласно планот и програмата за 2022 година предвидени се создавање на нови 140 паркинг места за зонско паркирање. Дел од нив се на улица 120 и зградите околу зелениот пазар, улица Борис Кидрич и на други низ градот. Како ќе се собираат средства од тие нови паркинг места така ќе се сервисира и долгот, изјави Додевски.

Од 10 јануари граѓаните ќе можат да ги доставуваат барањата за добивање годишни карти за паркирање на паркинзите на претријатието или на дел од зонските места каде има таква можност

-Нови цени има и за годишните карти за станари. Во затворени паркинзи ќе изнесуваат 3000 денари, додека 4500 за жители со адреса на улици и булевари со зонско паркирање, вели Додевски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот