Антонио Коста, премиер на Португалија/ Фото EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Португалија планира да ги укине златните визи

Португалската влада планира да го прекине издавањето на „златни визи“ за богатите странски инвеститори, кои на тој начин можат слободно да се движат низ Европа, изјави премиерот Антонио Коста.

„Има програми што сега ги разгледуваме, а една од нив е програмата за златни визи, која веројатно веќе ја исполни својата функција“, изјави социјалистичкиот премиер за медиумите.

Португалија издава дозволи за престој за инвестиции од 2012 година, кога бараше странски капитал. Во последните десет години, така беа привлечени повеќе од 6,5 милијарди евра во замена за повеќе од 11.000 дозволи за престој издадени на кандидати кои се подготвени да потрошат најмалку 500.000 евра за да купат недвижен имот, да инвестираат најмалку еден милион евра или да отворат десет работни места.

Повеќе од 18.000 визи беа издадени и на блиски роднини на тие инвеститори, според статистиката објавена од Службата за странци и граници. Во август, португалскиот парламент усвои измени во законите за имиграција за да го олесни приемот на странски работници, особено таканаречените „дигитални номади“, кои можат да работат од далечина и на кои сега им е дозволено да аплицираат за специјална виза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!