фото: twitter.com/Sporting_CPAdep

Португалецот Нилтон Мело ќе го облече дресот на РК Вардар 1961

Информациите велат дека младиот 19-годишен лев бек Нилтон Мело ќе биде новото засилување на РК Вардар 1961.

Оваа сезона Португалецот играше на позајмица од Спортинг во Виторија, а сега се сели во Скопје каде ќе го облече дресот на „црвено-црните“, двократните европски шампиони од 2017 и 2019 година.

– Почнав да барам проект кој ќе ми овозможи да бидам професионалец и да работам исклучиво со ракометот. Имаше некои предлози од Шпанија, но дојде и од Вардар. Признавам дека бев изненаден – вели Мело.

Играчите на Владо Недановски оваа сезона го завршија шампионатот на третото место, а преку квалификациите ќе бркаат пласман во групите на ЕХФ Европската лига.

Потсетување дека во изминатиот период Вардар го ангажираше српскиот репрезентативец Стефан Петровиќ. Повеќе ТУКА

Како засилување е најавено и српското лево крило Марко Срдановиќ, а се шпекулира и доаѓање на босанскиот пивот Владимир Врањеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот