Фото: EPA

Се огласи поранешниот сопруг на Жизел Бундшен: Том Бреди реагираше за раѓањето на нејзиното трето дете 

Американскиот фудбалер и поранешен сопруг на Жизел Бундшен, Том Бреди, проговори за веста дека манекенката го роди своето трето дете.

Како што пренесува „Пејџ Сикс“, извор близок до Брејди рекол дека Том е среќен за својата поранешна сопруга и ѝ посакува се најдобро. Според друг извор, Брејди дури и ја контактирал Жизел за да и честита.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Brady (@tombrady)

Прво дете со нов партнер

За потсетување, ова е прво дете на бразилската манекенка со Хоаким Валенте. Според странските медиуми, мајката и бебето се добро. Полот и името на бебето сè уште не ѝ се познати на јавноста. Извори блиски до парот велат дека Жизел и нејзиниот партнер во текот на целата бременост не сакале да знаат дали имаат момче или девојче.

Четириесет и четири годишната Жизел Бундшен роди трето дете

Бундхен и Брејди се разведоа во 2022 година по 13 години брак. Заедно имаат две деца, синот Бенџамин (15) и ќерката Вивијан (12). За време на нивниот брак, таа беше маќеа на синот на Брејди, Џек, кој го имаше со Бриџит Мојнахан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Brady (@tombrady)

Жизел и Валенте се во врска од 2023 година.

Жизел и тренерот на џиу-џицу Хоаким Валенте се во врска од јуни 2023 година.

„Тие беа добри пријатели на почетокот. Таа е многу внимателна во врска со тоа и сакаше да држи се во тајност додека не се запознаат. Тој и беше голема утеха додека поминуваше низ развод. Нивното пријателство прерасна во нешто повеќе по нејзиниот развод“, изјави извор за странските медиуми претходно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот