Џастин Бибер / Фото: The Hollywood Curtain / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Поранешниот пријател на Џастин Бибер тврди: Џастин е во култ, сѐ започна со еден свештеник

Рајан Гуд, долгогодишен пријател на Џастин Бибер и ко-основач и креативен директор на неговиот моден бренд „Дру Хаус“, верува дека пејачот е под влијание на култ. Според извори блиски до „ТМЗ“, Гуд не е во контакт со Бибер повеќе од една година поради загриженоста за неговата врска со свештеникот Џуд Смит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Aldred (@ryangood24)

Рајан наводно одлучил да го напушти Черком во Беверли Хилс, каде Смит е еден од главните водачи. Гуд верувал дека Црквата функционира како култ, а откако Џастин се зближил со Смит, се оддалечил од него и ја прекинал комуникацијата.

Колку пејачот е близок со својот свештеник покажува фактот што тој го назначи за член на одборот на директори на „Дру Хаус“ пред неколку години, и покрај тензиите што постоеја меѓу Смит и Гуд во тоа време. Изворите тврдат дека одлуката била „чудна“, бидејќи Смит нема никакво деловно искуство.

Според изворите, Рајан е длабоко загрижен за Џастин, особено откако на социјалните мрежи почнаа да се шират снимки од пејачот како се однесува невообичаено и загрижувачки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Aldred (@ryangood24)

Претходно овој месец, Бибер јавно го објави своето повлекување од „Дру Хаус“ и ги повика фановите да престанат да го поддржуваат брендот. „Јас, Џастин Бибер, повеќе не се занимавам со овој бренд. ‘Дру Хаус’ не ме претставува мене, ниту моето семејство, ниту животот“.

Во последно време фановите се повеќе се загрижени за неговата психичка состојба. Покрај неговото необично однесување во јавноста и на социјалните мрежи, имаше и гласини за неговата наводна употреба на дрога, што неговиот претставник претходно остро го отфрли. Тој рече дека таквите тврдења се „исцрпувачки и патетични“ и додаде дека тие покажуваат дека луѓето се „посветени да ги одржуваат во живот негативните, вулгарните и штетните приказни“ и покрај „очигледната вистина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот