Хосеп Марија Бартомеу /Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Поранешниот претседател на Барселона користел пари на клубот за да го брани својот имиџ

Управата на Барселона на чело со претседателот Жоан Лапорта секојдневно се бори лошата финансиска ситуација, долгот на клубот изнесува 1.3 милијарда евра, а во исто време открива нови скандали што ги направила претходната управа која беше предводена од Хосеп Марија Бартомеу кој го доведе клубот на работ на банкрот.

Каталонското радио Кадена Сер денеска открива дека поранешниот претседател Бартомеу користел пари од клупската каса за да го брани својот имиџ на социјалните мрежи.

Имено, откриено е дека Бартомеу ангажирал Пи-Ар компании кои креирале лажни профили на социјалните мрежи со цел да ги бранат неговиот имиџ и работа од нападите на навивачите на Барселона, но и на дел од медиумите кои критички пишувале за него.

Полицијата во Барселона веќе отвори истрага за овој случај, а претходно беше објавено дека Бартомеу платил одредени новинари за да создадат позитивна медиумска слика за него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот