фото: EPA-EFE/TERJE PEDERSEN

Поранешниот дански фудбалер Никлас Бендтнер нападнат со нож во Њујорк

Поранешниот напаѓач на Арсенал и Јувентус, Никлас Бендтнер избегна сериозна повреда минатиот викенд при обид за напад со нож во Њујорк. Поранешниот дански фудбалер беше во САД со пријателите и бил виден како се шета низ Менхетен.

На видеото од блиските камери, потоа се гледа како маж трча во негова насока со нож во рацете.

Сепак, поранешниот дански репрезентативец успеал да избегне прободување, но неговиот пријател се здобил со повреди на лицето и увото и брзо му била укажана помош во болница. Бендтнер подоцна потврди дека тој навистина бил нападнатиот.

– Да, можам да потврдам дека сум на видеото. Дали можеше да бидам нападнат? Немам коментар за тоа, но можам да потврдам дека сум на видеото – изјави поранешниот дански репрезентативец.

Само еден ден по немилиот настан, полицијата го уапсила напаѓачот Џошуа Зинберг и го товари за напад и обид за убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот