Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Поранешниот англиски судија избркан од Египет затоа што бил геј?!

Поранешниот судија Марк Клатенбург кој некогаш важеше за еден од најдобрите во светот и Премиер лигата беше избркан од Египет каде што работеше како шеф на судиите.

Англичанецот во минатото судеше финале во Лигата на шампионите, како и финалето на Европското првенство 2016. Шеф на судиите во Египет беше во последните шест месеци.

Клатенбург бил избркан од државата поради безбедносни причини затоа што наводно бил геј. Сето ова е многу изненадувачки затоа што Клатенбург до неодамна имаше и сопруга со која се разведе. Меѓутоа дел од медиумите шпекулираат дека станува збор за нешто друго.

Односно, неговата работа не им се допаднала на челниците на Замалек, клуб кој е еден од најголемите во државата, па тие направиле се за да го избркаат и на крајот ако имале таква цел навистина и успеале.

Од Фудбалскиот сојуз на Египет не ги објаснуваа причините, туку само кратко го потврдија неговото заминување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот