Лијам Пејн и Маја Хенри / Фото: Ana M. Wiggins / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Поранешната свршеница на Лиам Пејн откри: „Ми велеше дека ќе умре и дека нема уште долго да биде тука“

Маја Хенри, поранешната свршеница на Лиам Пејн, го обвини пејачот за опсесивно однесување само неколку дена пред неговата смрт. Таа покрена правна постапка против Пејн бидејќи, како што објасни, постојано ѝ праќал пораки и мејлови и ги малтретирал членовите на нејзиното семејство и пријателите.

Во понеделникот, на 14 октомври, нејзините адвокати му дадоа писмо на Пејн за да укажат на неговото наметливо и загрижувачко однесување.

„Ми праќа толку многу пораки што ќе ми пукне мобилниот. Користи други броеви, ѝ пишува на мајка ми, пријателите. Секогаш од други броеви на мобилни телефони. Прави нови профили. Секој пат кога ќе видам дека некој ми се појавува на телефонот си велам: ‘Еве сме повторно’“, изјави таа неодамна за „Дејли мејл“.

„Ми праќаше мејлови. Не само на мене, туку и на мајка ми. Дали ова однесување ви е нормално?”, додала таа.

Фото: Jamie McCarthy / Getty images / Profimedia

Хенри го обвини Пејн дека ги поттикнувал неговите обожаватели да ѝ пишуваат лоши коментари, полни со омраза.

Неодамна Хенри гостуваше во поткастот „The Internet Is Dead“, каде што откри дека Пејн често зборувал за смртта.

„Откако раскинавме ми праќаше пораки дека не е добро. Секогаш си играше со смртта и ќе речеше: ‘Ќе умрам. Не ми е добро’“, рече таа и додаде дека смета таквите пораки биле негов обид да ја манипулира и да ѝ направи да се чувствува лошо откако се разделиле.

„Еднаш се обидов да му помогнам, а тој не прифати. Ѝ пишуваше на мајка ми: ‘Не сум добро, кажи ѝ  на Маја да стапи во контакт со мене’, бидејќи не одговарав. Секогаш е истиот циклус“, рекла таа.

Фото: Doug Peters / Alamy / Alamy / Profimedia

Во февруари, Хенри ја објави својата книга „Очекувајќи нешто добро“ („Looking Forward“), која е инспирирана од записите во својот дневник додека беше со Пејн.

Таа тврди дека пејачот ѝ се јавил на мајка ѝ по објавувањето на книгата и ѝ рекол: „Нема да бидам тука ште долго“.

„Не си играм со смртта. Ако ми го кажеш тоа, ќе се обидам да ти помогнам без оглед на тоа што си направил. Мислам дека ја искористи љубезноста на моето семејство“, додала Хенри.

Да потсетиме, Лијам Пејн и Маја Хенри беа во врска од 2019 до 2022 година, двапати се свршија и раскинаа. После тоа, Пејн влезе во љубовна врска со инфлуенсерката Кејт Кесиди.

Британскиот пејач, кој беше поранешен член на групата „Уан дајрекшн“, почина вчера на 31-годишна возраст откако паднал од третиот кат на хотел во Буенос Аирес.

Сведоци тврдат дека несреќата се случила малку пред 17 часот (по локално време). Околностите на смртта не се познати, но изворите наводно велат дека тој се однесувал „непредвидливо“ во лобито на хотелот претходно истиот ден и го скршил својот лаптоп.

ФОТО+ВИДЕО | Лиам Пејн од „Уан дирекшн“ пронајден мртов: Пејачот паднал од третиот кат на хотел во Буенос Аирес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот