
Поранешната сопруга го брани Менсон: „Во нашиот брак не постоеше насилство“
Мора да знаете дека деталите што излегоа во јавноста не се поклопуваат со моето лично искуство за време на седумгодишната врска со Менсон, вели Дита. Како што изјави таа, од Менсон се разделила поради неверство и дрога.
Препорачано
Поранешната сопруга на Мерлин Менсон (52), манекенката Дита фон Тис (48) проговори за наводите дека музичарот ги злоставувал поранешните партнерки. Парот беше во врска неколку години, од кои една година ја поминаа во брак.
View this post on Instagram
„За сите кои сте загрижени за мене, ја ценам вашата љубезност. Мора да знаете дека деталите кои излегоа во јавноста не се поклопуваат со моето лично искуство за време на седумгодишната врска со Менсон. Да беше така, јас немаше да се омажам за него во 2005 година. Една година подоцна се разделивме, но тоа беше поради неверство и злоупотреба на дрога“, напиша Дита фон Тис.
View this post on Instagram
Таа тврди дека било каков вид на злоставување не постоело во нивната врска.
„Ги повикувам сите кои претрпеле злоставување да преземат чекори со цел да закрепнат и да имаат сила да се остварат во целост. Ова е мојата единствена изјава за ова прашање“, изјави Дита.
View this post on Instagram
Да се потсетиме, поранешната вереница и актерка Еван Рејчел Вуд (33) го обвини Менсон за злоставување.
„Ме подготвуваше да бидам жртва додека уште бев тинејџерка, а ме злоставуваше со години“, напиша Вуд на социјалните мрежи. Таа најпрвин зборуваше за злоставувањето, а дури потоа го именуваше човекот кој и го направил тоа. Пред две години актерката изјави како била во трауматична врска која и предизвикала ПТСП и спомена како тој маж и го забранил мобилниот телефон, ја изгладнувал и ја мачел. По неа, против Менсон проговорија уште четири жени.