
Поранешната на Диди чека трето дете со сопругот: Радосната вест ја објавија неколку месеци по шокантните тужби против реперот
Пејачката Каси Вентура, поранешна девојка на Шон „Диди“ Комбс, откри дека очекува трето дете со својот сопруг Алекс Фајн. Радосната вест ја сподели на Инстаграм.
Препорачано
Каси објави низа фотографии на кои позира со Алекс и нивните две деца, Франки и Сани. На фотографиите, пејачката носи фармерки, бела кошула и беж градник, гордо покажувајќи го својот труднички стомак.
Пејачката и нејзиниот сопруг се венчаа во август 2019 година, а само два месеци подоцна ја добија ќерката Франки. Во март 2021 година, ја добија и втората ќерка – Сани.

Пред да ја пронајде среќата со Алекс Фајн, Каси беше во долга и проблематична врска со Диди, кој од септември е во притвор. Реперот се соочува со сериозни обвиненија за изнуда, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и други криминални дејствија поврзани со проституција.
Голема улога во неговото апсење одигра токму Каси, која пред да биде уапсен го обвини за силување и физичко насилство.
Каси и Диди започнаа врска во 2007 година, две години по нивното прво запознавање. Јавно ја обелоденија романсата во 2012 година, но раскинаа во 2018. Пет години подоцна, во ноември 2023, пејачката поднесе тужба против Комбс, тврдејќи дека тој бил насилен кон неа во текот на целата нивна 11-годишна врска.

Во тужбата, Каси откри и дека кратко пред нивниот раскин, Диди без дозвола влегол во нејзиниот дом и ја силувал. Покрај тоа, тврди дека ја дрогирал, заплашувал и ја принудувал на сексуални односи со други мажи. Сепак, по поднесувањето на тужбата, тие постигнаа спогодба само еден ден подоцна.
Неодамна, во јавноста се појави снимка на која Диди физички ја напаѓа Каси во хотел во Лос Анџелес. Откако видеото се прошири низ светот, пејачката се огласи на социјалните мрежи.
„Им благодарам на моето семејство, пријателите, непознатите луѓе и оние кои допрва ќе ги запознаам за целата љубов и поддршка. Овој бран љубов создаде место каде што мојата помлада верзија конечно може да се чувствува безбедно. Но, ова е само почеток. Семејното насилство е огромен проблем. Ме скрши толку многу што станав личност каква никогаш не мислев дека ќе бидам. Со многу труд, денес сум подобро, но секогаш ќе се опоравувам од своето минато“, напиша таа.

По апсењето на Диди, Каси почувствувала олеснување, но не и задоволство, тврдат извори блиски до неа.
„Таа не слави, но ѝ олесна што случајот доби правна разрешница. Сепак, ја вознемирува фактот што луѓето не ги слушаа другите жртви во 90-тите. Да го стореа тоа, таа можеби ќе беше поштедена од своето страдање. Во моментов, Каси се фокусира на својот мир“, изјавија извори за медиумите.
Освен што работи на своето ментално здравје, Каси наводно се враќа и на музичката сцена, откако нејзината кариера беше запрена повеќе од 20 години поради Диди.
„Таа размислува за враќање во музиката, особено сега кога Диди е зад решетки, а некои од неговите најблиски соработници ги напуштаат своите позиции. Има многу необјавени песни што сака да ги сподели со светот во вистинскиот момент“, откри извор за „Дејли мејл“.