
Поранешната девојка на Пи Диди, Кеси Вентура ќе сведочи против него
Кеси Вентура, поранешната девојка на раперот Шон Диди Комбс, ќе сведочи на претстојниот судски процес против него, пишува „Пипл“.
Препорачано
Вентура досега беше наведена како „жртва број еден“ во судските документи, но планира да го користи своето име кога ќе сведочи.
„Жртвите 2, 3 и 4 побарале да не се објавува нивниот идентитет“, се наведува во документите.
„Ролинг Стоун“ претходно ја идентификуваше „жртвата 1“ како Вентура во јануари.
Да потсетиме, судот на претходното рочиште го прошири обвинението против озлогласениот музички магнат. Меѓу другото, Диди наводно платил 100.000 долари за видеото на кое ја тепа својата поранешна девојка Кеси Вентура.
Вентура и Диди почнаа да се забавуваат во 2007 година, две години откако се запознаа. Тие излегоа во јавноста со нивната романса во 2012 година и се разделија во 2018 година. Пет години по разделбата, во ноември 2023 година, Кеси поднесе тужба против Комбс, велејќи дека ја злоставувал за време на нивната 11-годишна врска. Во тужбата стои и дека ја силувал, а во 2016 година имало и физички конфликт.
Комбс моментално се соочува со повеќе од 40 точки од обвинението за сексуален напад, рекет и трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација. Неговото судење треба да започне овој мај во Њујорк.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
46мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5