instagram

Поранешната Бонд девојка: Пластичната операција е најголемата грешка на мојот живот

Поранешната Бонд девојка Брит Екланд се чувствува дека со козметичките операции ѝ била украдена природната убавина. 

Швеѓанката Брит Екланд која играше покрај Роџер Мур во филмот „The Man with the Golden Gun“, зборуваше искрено за третманот за „зголемување на усните“, велејќи дека тоа е „најголемата грешка“ во нејзиниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britt Ekland (@brittekland)


„Сите имаат право на избор. Го направив тоа, но нема да помислам да го направам пак. Немам желба да изгледам поразлично од себе“, пренесува „Independent“.

Екланд не ја добила процедурата што ја очекувала. Лекарот ѝ вбризгал неколку инекции „Артикол“ во усните, што ѝ ги опишал како „нов забен материјал“.

Венди Луис која е интернационален консултант за пластични операции за „DailyMail“ истакнала дека „Артикол“ е колаген најчесто направен од говедски протеин, кој бил кратко популарен во 90-тите години на минатиот век како филер за усни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britt Ekland (@brittekland)


„Немаше поента да се жалам за тоа или да посакувам да се смени. Сите одиме во истиот правец и нема што да се направи во врска со тоа. Само треба да се грижиме за себе додека сме на патувањето“, вели 78-годишната Екланд.

Актерката, 20 години си става инјекции со кортикостероиди во усните кои според неа се „исклучително болни“ со цел да го стопи „Артиколот“. Таа вели дека подоцна отишла на лекар со намера да ѝ изваде сè од усните (мислејќи на филерот).

„Кога гледам стари фотографии, сфаќам дека сум изгледала многу добро. Сега можам да го видам тоа, но тогаш не можев, но ова сум јас и луѓето мора да го прифатат тоа. Јас го прифатив, вие прифатете го!“, изјави познатиот секс-симбол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!