Марта Арсовска Томовска, поранешна министерка во владата на Никола Груевски дел од тимот на српскиот Експо 2027 - Printscreen

Поранешна македонска министерка од владата на Груевски под удар на критики во Србија за коруптивност

Претседателот на Народното движење на Србија, Мирослав Алексиќ, на социјалната мрежа X објави дека Марта Арсовска Томовска, поранешна министерка во владата на Никола Груевски во Македонија, е назначена за комесар на Експо 2027 во Србија. Алексиќ го оцени нејзиниот ангажман како симбол на „корумпиран проект со кој владата во Србија ги расипува јавните пари“, објави Nova.rs.

Според него, организацијата на Експо 2027 е „катастрофална за државата и корисна само за корумпираниот режим“.

„Додека државата нема пари за здравство, образование, земјоделство и социјална заштита, се троши огромна сума на овој проект, за елитата на Вучиќ да може да украде повеќе јавни пари пред да падне од власт“, напиша Алексиќ на X.

Тој додава дека значителни средства биле потрошени за лобирање – за Србија да стане домаќин на Експо и подоцна за другите земји да одлучат да учествуваат.

Една од клучните фигури во целиот проект, според Алексиќ, е токму Арсовска Томовска. Тој посочи дека против неа биле спроведени истраги во Македонија. По падот на Груевски, Томовска се преселила во Србија, каде што станала советник во кабинетот на премиерката Ана Брнабиќ за реформа на јавната администрација, а подоцна била назначена за комесар на Експо 2027.

Алексиќ, исто така, го потенцираше и нејзиното, како што рече, блиско поврзување со Сузана Васиљевиќ, тврдејќи дека Томовска била обвинета во Македонија за учество во „прилагодување на избирачкиот список“.

„Овој македонски граѓанин е важен дел од системот на Вучиќ, за кој малку се знае, но очигледно е дека тие собрале експерти за кражба од регионот“, изјави Алексиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот