
Поранешен порно актер ќе стане министер во владата на Колумбија
Поранешн порно актерк ќе стане нов министер за еднаквост на Колумбија, контроверзен избор во услови на бран промени во левичарската влада на претседателот Густаво Петро.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Хуан Карлос Флоријан – кој јавно призна дека претходно нудел сексуални услуги и дека е креатор на порнографска содржина – беше назначен во министерството, кое беше создадено во 2023 година со цел да се гарантира пристап до социјални програми за ранливите групи, изјави за АФП функционер на колумбиската влада.
Создавањето на Министерство за еднаквост беше предизборно ветување на потпретседателката Франсија Маркез, првата црна жена што ја имаше оваа позиција во колумбиската историја.
Франсија Маркез беше назначена за министерка за еднаквост, но поднесе оставка во февруари поради несогласувања со колумбискиот претседател, обвинувајќи го за „расизам“ во владата.
Неа ја наследи Карлос Росеро, кој подоцна беше обвинет од претседателот Петро за обид за отстранување на тогашниот потсекретар Хуан Карлос Флоријан. Росеро беше обвинет и за отпуштање на службено лице кое исто така беше поранешна порнографска ѕвезда.
Густаво Петро, кој беше избран за претседател на Колумбија во јуни 2022 година, го претстави новиот министер за еднаквост како „порно актер“ кој соработувал со него кога бил градоначалник на Богота и создал „синдикат на сексуални работници“ во Франција, каде што живеел некое време.
Флоријан и другите биле „принудени да бидат протерани и проституирани во Париз“, тврдеше тој.
„Бев повеќе од само порно актер“, рече Хуан Карлос Флоријан во интервју за весникот „Ел Еспектадор“ во јануари, по вревата предизвикана од неговото назначување за потсекретар.
„Имам повеќе од 20 години професионално искуство во разни меѓународни организации за соработка и сум извршувал јавни функции“, нагласи тој.
„Сексуалната работа е работа како и секоја друга и не можете да ги напаѓате оние што ја практикуваат“ и „да ги издржувате своите семејства на овој начин“, објасни Флоријан, додавајќи дека се смета себеси за „член на работничката класа“.