Поранешен НФЛ играч пронајден мртов во својот дом

Фото: NFL

Вонте Дејвис кој е поранешен НФЛ играч на 35-годишна возраст бил пронајден мртов во неговиот дом во Флорида, oбјавија медиумите.

Поранешниот играч на американски фудбал кој од 2009 до 2018 година беше дел од НФЛ лигата, според информациите веројатно починал од природна смрт. Обдукцијата на неговото тело покажала дека нема знаци на насилство.

Дејвис на драфтот во 2009 година беше 25-ти пик. Кариерата ја започна во Мајами Долфинс за во 2012 година да се придружи на Индијанаполис Колтс каде и што се задрѓа најдолго.

Крајот на кариерата го дочека во Бафало Билс каде што во 2018 година објави крај на кариерата. Од спортот се повлече порано од она што посакуваше поради здравствени причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот