Американска војска / Фото Архива на Слободен печат

Поранешен американски пратеник повика на испраќање војници на САД во Украина

Џејмс Џефри, кој служеше како претставник на САД во коалицијата за поразување на таканаречената Исламска држава за време на поранешниот претседател Доналд Трамп, ги повика војниците на ОН и на САД да влезат во Украина за да воспостават заштитени хуманитарни зони.

Тој вели дека Украина треба да побара интервенција на ОН, слична на мировната интервенција што стави крај на израелскиот упад во јужен Либан во 2006 година, дозволувајќи им на силите на ОН да влезат во воената зона, пишува Би-Би-Си.

Украина ќе треба да се откаже од какви било воени операции започнати од овие хуманитарни зони, вели тој.

„Ниту еден конфликт нема да започне освен со одлука на Русија да ги нападне силите поканети во Украина од нејзината легална влада и со мандат на Генералното собрание на ОН и хуманитарна мисија“, пишува тој во Defence One.

НАТО нема да може да помогне, поради противењето на Русија, вели Џефри, но американските трупи ќе бидат на теренот во земјата според неговиот комплициран план.

Тој го опишува овој план како сличен на она што се случи во Сирија, каде што руските трупи се бореа за да ја поддржат владата на Асад додека американските сили таму создадоа серија тајни бази кои беа користени за борба против екстремистите.

Џефри заклучува дека планот веројатно нема да и помогне на Украина да ја добие војната, но ќе работи на тоа да и се ускрати на Русија целосна победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!