Германија ; германски војник, германски војници, германска војска, германска армија,
Германски војник / Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Поради заканата од руска агресија Германија со план за зголемување на трошоците за одбрана

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус следната година ќе се заложи за поголем воен буџет, бидејќи смета дека планираното зголемување е недоволно, објави денеска „Тагешпигел“.

Трошоците за одбрана се планираат да се зголемат за 1,2 милијарди евра, додека Писториус побарал зголемување од 6,7 милијарди евра, пишува германскиот весник.

Нацрт-буџетот за следната година предвидува 53,2 милијарди евра за Бундесверот, наспроти 51,9 милијарди евра годинава.

„Ќе продолжам да ја промовирам идејата Бундесверот да ги добие потребните средства поради реалната закана од Русија“, додаде Писториус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот