Мориси / Фото: Larry Marano / INSTAR Images / Profimedia

Поради сериозни закани со смрт: Мориси откажа два претстојни концерти во САД

Британскиот музичар Мориси откажа два концерта во САД откако добил закани со смрт пред неговиот настап во Отава, Канада – закани кои биле толку загрижувачки што неговиот менаџмент се одлучил на тој потег.

Неименуван 26-годишен жител на Отава, според Би-би-си, бил пуштен со кауција откако наводно му се заканил на пејачот пред неговото појавување на музички фестивал минатата недела. Настанот се одржал според планот, но Мориси потоа ги откажа концертите во Бостон и Конектикат.

„Последниве денови постои веродостојна закана по животот на Мориси. Од претпазливост за безбедноста на уметникот и бендот, утрешниот настап во музичката сала МГМ на Фенвеј е откажан“, стои во соопштението на концертниот простор во Бостон објавено на Инстаграм.

Од ова може да се заклучи дека уапсениот не бил единствениот што му се заканувал на музичарот, но засега нема поконкретни информации.

Мориси беше фронтмен на рок-бендот „Д Смитс“, кој го напушти во 1987 година за да се посвети на соло кариера. Познат е по своите отворени ставови за добросостојбата на животните и политиката. Во 2006 година одби да одржи турнеја во Канада во знак на протест против годишниот лов на фоки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот