Фото: Wikimedia/ Sagrada Familia

Поради ремек-делото на Гауди, жителите на Барселона се соочуваат со иселување од своите домови

Долгите редици туристи пред катедралата „Саграда Фамилија“, ремек-делото на архитектот Антони Гауди се вообичаена глетка во Барселона. Освен што е најпопуларна туристичка атракција во Шпанија, катедралата е позната по нејзиното долгогодишно доградување. Сега конечно се наѕира крајот на градбата, но започнуваат главоболките на околните жители.

Имено, доколку се продолжи со плановите за изградба на џиновско скалило што ќе води до недовршениот главен влез на катедралата, ќе биде потребно да се срушат три градски блокови со станови. Тоа значи дека повеќе од илјада семејства би требало да бидат иселени од околината.

Фото: Wikimedia/ Sagrada Familia

Фондацијата што го води проектот за доградување на катедралата се чини дека има намера да продолжи со плановите и покрај противењето од здружението на околните станари. Конечната одлука ќе ја донесе градскиот совет на Барселона, пишува „Евроњуз“.

Фото: Wikimedia/ Sagrada Familia

Започната е правна постапка за стопирање на каква било работа на предложените скали, од страна на адвокатот и претставник на здружението на граѓани. Имено, тој тврди дека архитектот Гауди не ги предвидел скалите во првичните планови, туку дека тоа е плод на неговите студенти по смртта на архитектот во 1926 година.

„Тоа не е во планот на Гауди, но ќе влијае на животите на околу 3.000 луѓе кои живеат во близина на базиликата. И на мојот живот, јас живеам таму 30 години, некои луѓе и подолго“, изјавил Баросо за „Еуроњус“.

Во случаите на експропријација, единствениот кој ја носи конечната одлука е локалниот совет. Но, засега градскиот совет на Барселона избегнува да донесе одлука за ова прашање, а одлуката за уривање би била особено тешка со оглед на претстојните избори на 28 мај.

„Работиме со претставници на Саграда Фамилија, околните жители и други организации со цел да се најде најдоброто решение за да се завршат работите, но и да се почитуваат потребите на граѓаните“, изјавил портпаролот на градските власти.

Фото: WIkimedia/ Sagrada Familia

Инаку, списокот на културно наследство на УНЕСКО го вклучува само делот од базиликата што бил завршен за време на животот на Гауди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот