
Поради оваа лоша навика при облекување долна облека, ризикувате непријатна инфекција
Едноставен чин како облекување гаќи, ако сте притоа боси, може да скрие разни замки. На овој начин можете да ја поттикнете појавата на микоза во пределот на препоните, инфекција предизвикана од габата Tinea corporis, која се манифестира со лушпеста, понекогаш црвеникава кожа и чувство на чешање.
Препорачано
Дури 20 отсто од луѓето со атлетско стапало ќе имаат и микоза во препоните
Според едно истражување, инфекцијата многу често се шири на пределот на гениталиите токму од стапалата. Тоа е затоа што габата tinea, која предизвикува атлетско стапало, е многу распространета. Околу 70 отсто од луѓето ја имаат барем еднаш во животот. Од нив, 20 отсто ќе ја развијат истата инфекција во пределот на препоните во одреден момент. Кога облекуваме долна облека, или поточно гаќи, тие ќе го допрат стапалото и на тој начин ќе дојдат во контакт со спорите на габите присутни на стапалата и ќе ги пренесат до препоните. Затоа, се препорачува прво да облечете чорапи, па дури потоа гаќи, бидејќи чорапите ќе ви послужат како бариера којашто ќе спречи ширење на инфекцијата. Експертите тврдат дека габичните инфекции во препоните најчесто се предизвикани од ширење на инфекцијата од други делови на телото, главно од рацете и стапалата, а најчесто се заразуваат адолесцентите и младите мажи.
Како да спречите габична инфекција во препоните
Габичката тинеа обично останува заразна сè додека на кожата се нејзините спори. Бидете внимателни бидејќи спорите можат да преживеат и на чаршафите, ќебињата и крпите, а може да ги отстрани само темелно миење.
Појавата на атлетско стапало често е последицва на влагата што се создава во обувките при занимавање со спорт или изведување на некои физички работи. Затоа, секогаш е потребно добро да се мијат стапалата по вакви активности и добро да се исушат за да се спречи ширењето на габите. Откако еднаш ќе ја „соберете“ оваа инфекција, не е лесно да се ослободите од неа. Немојте да го потценувајте проблемот, но задолжително одете на лекар, кој во повеќето случаи ќе ви препише крем против габи, како што е хидрокортизон. Ако проблемот е посериозен и не поминува, треба да се земаат орални антимикотици, но тие можат да имаат и доста непријатни несакани ефекти.