Мино Рајола се грижи за кариерата за Ерлинг Халанд/ фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Поради лакомоста на Рајола и Алф-Инге пропаѓа трансферот на Халанд во Манчестер сити?

Иако сите европски релевантни спортски медиуми објавија дека Манчестер сити ќе биде идниот клуб на Ерлинг Халанд, постои можност трансферот да пропадне поради лакомост.

Оваа вест ја објави германскиот весник „Билд“ кој тврди дека преговорите меѓу Сити и Халанд се стопирани поради алчноста на агентот и таткото на фудбалерот Мино Рајола и Алф-Инге Халанд.

„Билд“ пишува дека било договорено платата на Ерлинг да изнесува 27 милиони евра годишно, но проблем за челниците на Сити претставува провизијата која ја бараат Рајола и Алф-Инге Халанд.

Имено, за тоа што Ерлинг ќе го избере Манчестер сити, тие бараат вкупно 70 милиони евра, 40 милиони за Рајола и 30 милиони за Алф-Инге.

„Граѓаните“ се подготвени да платат 30 милиони провизија бидејќи целиот трансфер би ги чинел околу 350 милиони евра, 75 милиони отштета за Борусија Дортмунд и 250 милиони за петгодишнара бруто плата на фудбалерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот