Instagram

Поради аферата со факултетите: Глумицата Лори Лохлин оди во затвор и мора да плати парична казна

Глумицата Лори Лохлин, позната по улогата на Ребека во серијата „Полна куќа“, и нејзиниот сопруг Масимо Џанули ја изгубија битката на суд.

Тие беа обвинети дека на Сингеровата фондација и платиле 500.000 долари во 2016 и 2017 година за таа да ги претставува нивните ќерки како веслачки и да ги вклучи во тимот на Универзитетот во Јужна Каролина.

Лори добила казна од два месеци затвор, а нејзиниот сопруг пет месеци. Двајцата треба да платат и  парична казна од околу 150.000 долари.
На почетокот тие тврделе дека не се виновни и дека парите ги давале во добротврони цели, но неделава на судењето ја признале вината. Доколку не признаеле, нивната затворска казна би можела да биде и до 20 години.

Уште минатата година кога започна судскиот процес, Лохлин била свесна дека може да добие долгогодишна затворска казна и веќе се подготвувала за живот зад решетки.

„Лори сака да биде подготвена за секоја можна ситуација. Ангажирала стручњак за помош кој веќе ја советува и ја запознава со околностите во затворите и начините на кои може да ја преживее новонастанатата ситуација“, изјави за американските медиуми во мај минатата година извор близок на глумицата.

Во аферата на американските факултети фатена е и глумицата Фелисити Хафман, која на ист начин сакала нејзината ќерка Софија да влезе на престижниот универзитет.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот